Од 07 март 2026 година започна да се реализира проектот на ШК Ласкер Охрид „Шах – Уметност на мислата“. Во рамки на истиот еднаш неделно ќе се одржуваат он-лајн часови за напредни ученици од шаховската школа на ШК Ласкер Охрид со лиценцираниот тренер Константин Лушески.

Часовите за шах ќе се реализираат во сабота во траење од 60 минути. Часовите се одржуваат на платформата за шах Lichess.org со користење на Microsoft Teams и Zoom. Групите се формирани според знаењата на учениците, бројот на ученици во група е намерно мал за да има активност од страна на учениците. Проектот ќе трае до 31 октомври 2026 година, информираат од ШК Ласкер Охрид.

Проектот се организира во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.

OhridNews