Денеска на сила стапува Забраната за лов на охридска пастрмка која што ќе важи до 20 март 2007г.

Забраната, позната и како “татиљот“, која што се воведува секоја година во овој период е поради сезоната на мрест на  охридската пастрмка.

Во периодот на природниот мрест, Хидробиолошкиот институт ќе започне со излов на пастрмката за потребите на вештачкиот мрест. По вадењето на икрата уловените риби ќе бидат обележани и вратени во водите на Охридското Езеро онаму каде што биле и уловени.

Вештачкиот мрест и оваа година ќе се врши со финансиска помош на министерството за животна средина, а за таа цел наскоро Хидробиолошкиот институт ќе распише оглас за времен ангажман на рибари.

Од Хидробилошкиот институт информираат дека во подготовка е новиот Закон за рибарство кој треба да биде донесен до мај 2007 со кој ќе биде дефиниран начинот на кој во иднина ќе се врши вештачкиот мрест.