Денес започна зимскиот распуст за основците и средношколците, кој ќе трае  заклучно 19-ти јануари, по што ќе започне второто полугодие.

Како што информираат од охридската гимназија, наставата на 20- ти јануари ќе започне во истата смена, односно прва и втора година претпладне, а трета и четврта година попладне. Смените се менуваат во понеделник, 23- ти јануари.

Како што соопшти министерството за образование, годинава нема да биде спроведено екстерно тестирање за проверка на објективноста на наставниот кадар и реалното знаење на учениците, бидејќи електронскиот систем за спроведување на тестирањето е се уште во подготовка. За проверка на неговата функционалност ќе се спроведе пробно екстерно тестирање.

OhridNews