Реализирани дел од предвидените активности во рамки на најавената акција „Мој Охрид-Чист Охрид” за генерално чистење на градот, поддржана од охридските јавни претпријатија и општинската администрација.

Со денешните активности беа опфатени магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот до населбата Св. Стефан, плажата од Горица ИИИ до Детското одморалиште, скалите и Спомен паркот на револуцијата, како и поширокиот потег на улицата „Јордан Мијалков“, потегот од улица „Никола Карев“ до Булевар „Туристичка“, како и делот од реката Грашница до хотел „Мизо“ и целиот простор околу ОУ „Св. Климент Охридски“.

Учествуваа и вработените од ЈП „Билјанини Извори” кои го расчистуваа потегот од улицата „Јордан Миалков”, патот за Велестово и просторот кај алеата на „Паднатите борци”. Акцијата ја поддржа само еден граѓанин кој живее на улицата „Јордан Мијалков”.

Во текот на месец мај ќе започнат и активностите во рамките на проектот „Еко Галичица 2018“. Ќе се лоцираат дивите депонии околу населените места на Галичица, затоа што на овој потег состојбата на ова поле е загрижувачка. Кон средината на овој месец предвидени се планинарски и велосипедски ЕКО Патроли по означени патеки низ Галичица, по што ќе се пристапи кон чистење на истите, сеж со цел да се пречекаат подготвени љубителите на планините и авантуристичкиот туризам, кој е во сериозен подем во последно време.

OhridNews