Деновиве Јавното претпријатие „Нискоградба“ ги започна градежните зафати за уредување на просторот кај поранешната градска библиотека.

Како што информира директорот на ова претпријатие, Никола Икономов, на овој потег е предвиден парк и низа попратни објекти, кои треба да ја разубават оваа локација во строгиот охридски центар.

Добивме парцијално решение за оваа локација да биде исчистена.Потегот ќе биде хортикултурно уреден  и соодветно поплочен со камени-плочки, а на оваа локација е предвиден мини-плоштад, фонтана и влез со степеници.“ – информира Икономов.

Инаку, поради неповолните временски услови градежните зафати на овој потег во централното градско подрачје кај „Долна Порта“ продолжуваат и во текот на оваа седмица.

O.T.