
Деновиве како што дознаваме се одржал прелиминарен состанок на Управниот одбор на фестивалот на кој присуствувале и копретседателите Макс Азуле и Јордан Плевнеш, почесниот претседател Ив Буасе, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска и амбасадорот на Франција во Македонија, Бернар Валеро.
На состанокот било разговарано за второто издание на фестивалот, кое ќе се одржи од 29 јуни до 5 јули идната година.












