Денеска на потегот од плоштадот до СРЦ „Билјанини Извори“, на повеќе пунктови ќе се реализира 43-от Општински натпревар по прва помош под мотото „Знам да спасам живот“.

На натрпеварот ќе учествуваат 300 ученици од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебрца, организирани во екипи во категорија подмладок и младина.

„И оваа година на опШтинскиот натпревар Ќе се применуваат критериуми и стандарди кои се спроведуваат при одржување на европските натпревари по прва помоШ. Во таа насока натпреварувачите, но и посетителите на оваа манифестација на повеЌе пунктови низ градот Охрид, почнувајЌи од плоШтадот Св.Климент Охридски, продолжувајЌи по градскиот кеј, до СРЦ  „Билјанини Извори”, Ќе бидат сведоци на симулирани-реални случки на несреЌи, изведени од членовите на актерските групи од Охрид, како и реалистички приказ на повреди, подготвени од посебно обучени Шминкери за ПП на Црвен крст Охрид.“ – велат од Црвениот крст Охрид.

За регуларноста и оценувањето на натпреварувачите Ќе се грижат 18 лиценцирани судии за прва помоШ општинскиот Црвен крст.

OhridNews