Во ОУ „Свети Климент Охридски“ денеска ќе одржи пригодна средба на која родителите, учениците и претставници од образовните институции и општината, ќе се запознаат со ефектите од едносменската настава и продолжениот престој во ова училиште. На оваа пригода ќе присуствува и градоначалникот Александар Петрески.
ОУ „Св. Климент Охридски“ е првото училиште на подрачјето на општината , но и пошироко, во кое е воведена едносменска настава. „Свети Климент Охридски“ , меѓу другото, е и едно од училиштата во кои се одржува целодневниот престој на учениците. Ова е за посебно одбележување со оглед на тоа дека целодневниот престој на учениците во училиштата во општина Охрид се воведуваше и се практикува токму во време кога во другите градови и училишта во Македонија – целодневниот престој се укунува заради немање средства, информираат од локалната самоуправа.











