Охрид доби 40 нови садници од видот Catalpa nana (топчеста каталпа), кои беа засадени во околината на „Билјанини Извори“, во рамки на петтата акција за пошумување „Сончева Гора“.

Активноста е дел од заложбите за унапредување на зеленилото и подобрување на квалитетот на животната средина, а се надоврзува на успешната реализација на еколошката акција „Generalka Weekend“, во која граѓаните на Охрид активно се вклучија во собирањето отпад и подигнувањето на еколошката свест, велат од Општина Охрид.

Додаваат дека акцијата за садење била реализирана во соработка со Општина Охрид и претставници на партнерите на проектот.

OhridNews