Преку реализација на проект ќе се зајакнуваат капацитетите за едукација за заштита на природата со акцент на заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица. Одржана беше почетна работилница на која беа реализирани инфо-презентации за работата на сите вклучени страни.
Во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“ предвидено е подготовка на 2 едукативни модули и 2 интерактивни игри за заштита на пештери и лилјаци во Националниот парк Галичица, наменети за деца од градинки и ученици од основни училишта. Спроведување на обука за едукатори за имплементација на модулите, како и едукативни работилници во градинките и основните училишта на територијата на општина Охрид. Предвидена е и теренска посета во пештера во Националниот парк Галичица, како и работилници за споделување искуства и вмрежување, како и развивање едукативна иницијатива за заштита на пештери и лилјаци во Националниот парк Галичица, велат од ОО Црвен крст Охрид.

OhridNews












