Од МЈП Проаква Водовод Охрид со препорака до граѓаните да ги заштитат своите водомери од мрзнење, со цел да не дојде до нивно оштетување .

– Особено ги известуваме сите наши корисници кои се сопственици на викенд куќи, а не живеат постојано во нив, да ја испуштат водата од главниот шибер за да не замрзне водата со што би се спречило пукање на цевки и слични дефекти, велат од претпријатието.

Оттаму со совет, да се изврши обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал(тервол, стиропор).

Од МЈП Проаква потенцираат дека за пукнато стакло на водомер се наплаќа 600 ден.

OhridNews