И во здравствена криза продолжуваат лошите навики. Деновиве службите  задолжени за одржување на јавната хигиена во градот се соочуваат со проблем кој претставува опасност по нивното здравје и по сите случајни минувачи.

На јавните површини (покрај контејнери, тротоари, коловози и зелени површини) наоѓаме расфрлани заштитни маски и ракавици. Затоа упатуваме апел-„Заштитните маски и ракавици уредно спакувани и затворени да се депонираат исклучиво во садовите за депонирање отпад!“ – истакнуваат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Од јавното претпријаие ионформираат дека продолжува интензивно да се работи на третирање на јавните површини со дезинфекционо антибактериско средство, со цел спречување на ширењето на коронавирусот Ковид 19. Денеска се прскаат коловозите, пешачки патеки, паркинг зони и пристапни улици како во централно градско подрачје, така и во периферните делови од градот.

OhridNews