Временските услови се еден од значајните фактори за успшено завршување на подвигот на Марко Пејчиновски кој вечерва треба да почне да го реализира својот најнов сон-да преплива 64 километри во Охридското Eзеро.
Според прогнозата ветровитото и нестабилно време кое денес преовладува во Охрид ќе потрае во наредните неколку часови, но по 20 часот се очекува намалување на брзината на ветрот од 9 на 7 километри на час, а по 21 часот ќе дува северо источен ветар со брзина од 4 километри на час.
Во текот на ноќта се очекува да биде ведро со максимална температура на воздухот од 15 до 18 степени.
Во текот на утрешниот ден ќе биде претежно сончево со температура од 26 до 29 степени, а ќе дува умерен ветар од источна и североисточна страна со брзина од околу 6 километри на час.
Според денес извршените мерења во текот на попладнето, температурата на езерската вода е 25.5 степени.
OhridNews












