Деновиве започнаа засилени контроли врз охридските угостителски објекти кои се вршат со заедничка соработка помеѓу Пазарниот инспекторат, СВР- Охрид и општинскиот инспекторат.

Се проверува почитувањето на законот за бучавост, како и работното време на локалите.

Од пазарниот инспекторат информираат дека контролите со засилено темпо ќе продолжат во текот на целата летна сезона и потенцираат дека првичните контроли покажале дека не е откриено непочитување на работното време во објектите.

Од општинскиот инспекторат велат дека контролите кои се спровеле деновиве пред се биле од превентивен карактер, при што биле дадени неколку опомени до сопствениците на угостителските објекти во однос на непочитувањето на законот за бучавост.Оттаму напоменуваат дека од идната недела кон сите оние кои не ги почитуваат законските одредби ќе бидат преземени санкции и  изречени глоби согласно законот. 

OhridNews