Во раните утрински часови, на 14- ти јули, во заедничка и координирана контрола координирана помеѓу Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид и официјални претставници на концесионерот З.Р.Л.К ЛОВЏИЈА од Струга, (концесионер за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир ЦРН ДРИМ бр. 2), во водите на река Црн Дрим затекнати се две лица како вршат недозволен риболов (лов на пастрмка) со недозволен риболовен алат (со преградување со сакови).

Против сторителите кои се затекнати на лице место ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од Државниот инспекторат за земјоделство.

Оттаму додаваат дека заедничките контроли на инспекторатот за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид  и концесионерот З.Р.Л.К ЛОВЏИЈА од Струга ќе се интензивираат во наредниот период.

OhridNews