Со цел спречување на казнени дела поврзани со нелегална сеча на шуми, пустошење на шуми и нелегална трговија со дрвна маса, СВР Охрид, самостојно и во координација со Шумската полиција, во изминативе 9 месеци од 2020 година, на подрачјето на Охрид, извршиле 12 контроли, исто колку и минатата 2019 година.

Во истиот период на подрачјето на ОВР Струга, извршени се 59 контроли што претставува зголемување во однос на спроведените 42 контроли во истиот период од минатата година.

Против сторителите на овие казнени дела поднесени се кривични пријави, соопшти СВР Охрид.

И во наредниот период ќе продолжат активностите за сузбивање на овој криминалитет и заштита на шумското богатство, најави полицијата.

OhridNews