Од 17:45 часот сообраќајот на влез и излез на граничните премини Блаце и Табановце е во прекин за тешки товарни возила поради дефект на вагите на царинските испостави, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по влажни и чисти коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките и осојничави места. Појава на слаба магла со видливост од 50 до 100 метри има кај Крива Паланка, Маврово, Стража, Крушево и Плетвар.

OhridNews