Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „даночно затајување“, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против 58-годишен жител на струшкото село Ложани како и против трговско друштво за угостителство, трговија и услуги што стопанисувало со хотел кај Калишта струшко, соопшти СВР Охрид.

-Во текот на 2016 година, пријавениот како управител на фирмата, за извршените услуги за свадби, крштевки и други свечености во хотелот, не изготвувал соодветни фактури и не издавал фискални сметки и не ги регистрирал во книговодството на фирмата. Тој, во одредени случаи во целост или делумно паричните средства во износ од 315.836 денари ги задржал за себе. Пријавениот иако знаел дека за реализираните услуги треба да уплати парични средства на име обврски за ДДВ во износ од 63.381 денари и 46.167 денари обврска за персонален данок, сепак тоа не го сторил туку истите ги задржал за себе. По овој основ, пријавениот ја оштетил државната каса за 109.548, оо денари. – информира СВР Охрид.

OhridNews