Не е точно дека се одолговлекува постапката за избор на капетан на Капетанија на пристаништа во Охрид, велат од министерството за транспорт и врски, како одговор на упатените обвинувања од страна на градоначалникот Александар Петрески дека поради тоа што охридската капетанија е без директор доведена е во опасност безбедноста во езерскиот сообраќај .

–    Веќе е завршен процесот на интервјуирање на кандидатите кои се јавиле по јавниот оглас и по извршената евалуација ќе биде извршен избор.Без оглед на тоа, во меѓувреме Капетанијата на пристаништа во Охрид во функционира со полн капацитет и ги извршува сите активности согласно Законот за внатрешна пловидба, при што континуирано врши надзор над имплементацијата на одредбите од истиот и во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи, потенцираат од министерството за транспорт и врски.

Од министерството нагласуваат дека хаосот во езерскиот сообраќај била наследена состојба која траела со години, поради која биле направени неколкукратни промени во Законот за внатрешна пловидба во кој се вградени и ЕУ директиви за регулирање на безбеденото пловење во езерскиот сообракај.

OhridNews