Со асфалтирање на потегот каде претходно се изведуваше нова фекална канализација се заокружуваат градежните активности на улицата „Даме Груев“, информира на фесбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.
Целиот потег каде се работеше е вратен во првобитна состојба. Старата и нефукционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во фунцкија за жителите од овој дел од градот, стои во објавата.
Вредноста на проектот, се додава во објавата, е 900 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews













