Македонските екипи Шкупи и Работнички завршија со евроавантурата, откако на успеа да ги поминат ривалите во првата рунда од квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Неприминлива пречка за „сините“ беше шкотскиот состав Глазгов Ренџерс. „Ренџерите“ во Скопје ремизирајќи 0-0 ја одбранија предноста 2-0 стекната после првиот натпревар во Глазгов. „Романтичарите“ на гостувањето кај Хонвед претрпеа убедлив пораз 4-0 и ја испуштија минималната предноста 2-1 од првиот меч.

Шанса да ја одбрани македонската чест ќе има Вардар. „Црвено црните“ во Скопје ќе мораат да победат со два голови разлика, бидејќи во првиот дуел со Пјуник изгубија 1-0. Мечот се игра в четврток во 19 часот.

Фото: Гол.мк
OhridNews