Заврши изградбата на пристапната патека за учениците од основното училиште „Св. Климент Охридски“, информира на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.

Патеката е во должина од 45 метра, а покрај неа се изгради и потпорен ѕид, стои во објавата.

Како што претходно информираше градоначалникот Пецаков, поплочувањето е извршено со камени плочки автентични за стариот дел на градот, потенцирајќи дека со ова Охриѓани и туристите добиваат уште една пешачка патека во стариот дел од градот.

Активностите беа во рамки на договорот за уредување и поплочување на пристапни пешачки патеки и улички на територија на Општина Охрид, а вредноста на договорот изнесува 2 400 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews