
Седумдневниот проект, Меѓународна летна архитектонска школа ги афирмира и промовира креативните индустрии во Република Македонија.
Крајот на ова прекрасно, инспиративно и креативно дружење беше означено со изложба на дела кои ги изработија учесниците на школата.
На овој исклучително важен меѓународен едукативен настан, учество земаа повеќе од 30 студенти од повеќе Европски земји и од Македонија, кои преку повеќе предавања имаа можност од своите ментори да научат и да осознаат за “метаболистичките„ принципи во развивањето на еден град, начините на нивно акцентирање, подобрување или менување, сè во интерес на самите граѓани на градот Охрид.
Идејните решенија кои ги изработи овогодинешната група на идни архитекти се вистински доказ за нивниот начин на размислување, разбирање и толкување на одредени простори и објекти во Охрид, кои што сами го одбраа за да ги истражат и да дадат предлог за нивен развиток.











