Во прекрасна природа, со дружење, игра и забава, децата што ја следат Програмата за подготовка на деца за во училиште „Полетарче“ во организација на Црвен крст Охрид, вчера го одржаа последниот час од пролетниот циклус.
Оваа програма веќе петта година успешно се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да применуваат креативни вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго, велат од Црвен крст Охрид.
Посочуваат дека во детскиот забавен „Холандски парк“ за успешно завршениот пролетен циклус на програмата „Полетарче“ на децата им беа поделени соодветни сертификати.


OhridNews
















