Оштетените делови од стеблото на  Стариот Чинар, кој се наоѓа на плоштадот Крушевска Република во Охрид , деновиве беа одново заштитени и обложени со нова заштитна обвивка.  Овие активности беа дел од санацијата на дрвото, која беше спроведена изминатата седмица, како проект од програмата за заштита на животната средина на општина Охрид.

Санацијата, која ја споведоа  експерти-конзерватори од Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидуваше чистење на трулежот од дрвото, негова заштита, премачкување со специјални средства и обнова на надворешната обвивка.

OhridNews