Во Основниот суд во Охрид за денес е закажано ново рочиште од судскиот процес против Лазе Радески -обвинет за тројно убиство. На денешното продолжение од судскиот процес се очекува обвинителството и одбраната да ги дадат завршните обраќања.

Радески е обвинет дека во периодот од 2006 до 2008 година, ги убил уличните продавачи на девизи Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, сите од Охрид.

Во досегашниот дел од судскиот процес беа изведени повеќе докази и беа сослушани сведоци. Обвинетиот во текот на судењето го призна убиството само над Трајче Цоцески, за кое тврди дека го сторил во самоодбрана, додека ги негираше убиствата врз Спиро Ставрески и Раим Ракип.

Ohridnews