Учениците од Основното училипште “ Св. Наум Охридски “ од село Пештани, во четврток  со бројни активности ќе го рализираат завршниот дел од кампањата  “Здрава храна за детство без мана“, како  дел од програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем “.

На оваа завршна активност од проектот  ќе бидат претставени креативни изработки од зеленчук и овошје кои учениците ги изготвиле со помош на родителите и наставниците.

Целта на овие активности е основците да се запознаат со значењето на здравата исхрана, што воедно ќе ги потикне за секојдневно  конзумирање на истата.

OhridNews