Младите заслужуваат да создаваат иднина дома, во Охрид. Гарантираме работа, промени и создавање проекти со идниот градоначалник д-р Кирил Пецаков, вели Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО -ДПМНЕ Охрид.

 

Изградба на младински центар, со библиотека, читална, простор за дебатен клуб, кариерен центар, простор за семинари, кафе-бар кој освен за пауза идеален за настапување на охридски бендови, а воедно простор за учење, едукација за забава во секој период од годината. Субвенционирани курсеви по математика, информатика и англиски јазик за невработени лица и студенти во Општина Охрид кои живеат во семејства со ниски месечни примања или семејства во социјален ризик. Субвенционирање на талентирани млади луѓе којшто покажуваат талент и се истакнуваат на натпревари. Стипендии за најдобрите ученици и студенти кои се истакнуваат во образованието, ја планираат својата кариера во областа на туризмот во Охрид, изјави Александар Здравевски, претседател на УМС  на ВМРО- ДПМНЕ ОК Охрид.

Здравевски најави и  отворање реални компании во средните стручни училишта со цел младите да бидат што поподготвени за влез на пазарот на трудот како и изградба на детски современи игралишта, доколку Пецаков и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја добијат довербата од граѓаните.

 

К.А.