
Дебатата се организира во рамките на проектот за градење на институционалните капацитети на Министерството за Здравство и здравствените организации кој го имплементира Центарот за Институционален Развој-ЦИРА, поддржан од УНИЦЕФ.
Целта е подобрување на здравствените услуги и сервиси, ни изјави Александар Јовановски, координатор за обука. Најголемите проблеми со кои се среќаваат адолесцентите се општо познати, тоа се зависностите, сексуално преносливите болести, како и психичкото и физичкото здравје на младите, додаде Јовановски
Националната Стратегија за здравје и развој на адолесценти ја подготвува Министерството за здравство, со помош на експерти од земјва и на УНИЦЕФ. Охрид е еден од 10-те градови во Македонија каде што се организира јавна дебата на која граѓаните и сите засегнати страни во заедницата, креатори на локалната здравствена политика, дискутираат по однос на предложената нацрт Национална стратегија.
ohridnews











