Градоначалникот Јован Стојаноски, вчера имаше средба со претставници на Здружението на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија „ Херои на Македонија 2001-2015“ .

На средбата на која учесвуваше и началникот на Секторот за внатрешни работи од Охрид Сашо Смилески, претставниците на здружението побарале вклучување на Локалната самоуправа во одбележувањето на ликот и делото на загинатите бранители.

Заеднички било договорено општина Охрид да организира меморијален турнир во мал фудбал кој ќе го носи името на загинатиот бранител Благојче Крстаноски од селото Ливоишта, а здружението до Советот на општина Охрид да достави барање за покренување на постапка, една улица да го носи името на загинатиот бранител Благојче Крстаноски. Локалната самоуправа, како што било истакнато на средбата, и оваа година ќе го поддржи традиционалното дружење на семејствата на бранителите кое ќе се одржи од 24.06 до 01.07.2018 година во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи во Охрид.

OhridNews