Утре, сабота, со почеток во 10 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца со свечена прослава ќе ја одбележи 67-годишнината од своето постоење. На свеченоста на која ќе присуствуваат претседателот на СЗПМ Драги Аргироски, заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев како и други гости од ЗП Врање, ЗП Поградец Албанија, реферат за значењето и развојот на ЗП Охрид и Дебрца, ќе поднесе претседатедот на Извршниот одбор на здружението Ѓорѓи Трпчески.

На прославата ќе бидат врачени и награди и признанија. Повелба ќе му биде врачена на претседателот на СЗПМ Драги Аргироски, плакети на Благица Маркукулеска, Ристо Трајкоски, и Лолита Ѓонеска, а признанија на Ружа Балеска, Миланка Панделеска и Ристана Меруџеска. На свеченоста ќе биде потпишана и Спогодба за соработка меѓу ЗП Охрид и Дебрца и ЗП Врање-Србија.

Во забавниот дел од прославта ќе настапат КУД „Далги“ при охридското пензионерско здружение, пејачката група од Врање и  на збратименото здружение Солидарност–Аеродорм од Скопје. Во рамки на програмата ќе биде прикажан Документарниот филм „Охридските пензионери низ времето“.

OhridNews