Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија го осудува нападот над материјалните добра на Билјана Белевска Пројковска, судија во Основен суд Охрид. Како што потенцираат од здружението, особено доколку истите се насочени кон заплашување, односно обид за влијание во постапката за правораздавање.
Истовремено, Здружението на судиите ја истакнува својата загриженост од ваквите и случни напади на личниот интегритет и безбедност на судиите, во очекување дека надлежните органи во рамките на своите овластувања ќе преземат мерки за заштита и соодветно процесуирање на овие случаи.
OhridNews












