Здружението „Off Road“ Охрид, за посетители од Словачка ќе организира џип авантура од 08 до 13 мај.
– Ќе ги претставиме природните убавини на охридскиот и мариовскиот регион низ планински висови и рамнини, езера и автентични села, велат од здружението.
Додаваат дека оваа авантура е комбинација од возбуда, забава и уживање во природа, како и запознавање со културата и традицијата во овие региони на Реублика Македонија.
OhridNews












