Советот на општина Охрид, денеска ја одржаа 44 –та седница. Советниците дадоа зелено светло за Предлог- одлука за воспоставување  соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар – Скопје, за Предлог – одлуката за давање на времено користење на недвижен имот – градежно земјиште на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид и ја прифатија иницијативата за размена на градежно земјиште.

На Седницата беа усвоени и Предлог- одлуката за измена и дополнување на одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации како и за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти. усвоена беше и Предлог-измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022.

Дневниот ред беше надополнет со три точки и тоа Предлог одлука за субвенционирање на ЈП „Градски пазар“ за набавка на унифицирани тезги, Предлог одлука за утврдување на локација за поставување на спомен обележје на Григор Прличев и Предлог одлука за прифаќање донација на ламинат. Трите предлог одлуки едногласно беа усвоени од советниците.

OhridNews