Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска призна дека воздухопловната супериорност на Русија ја запира украинската контраофанзива и се пожали на забавувањето на западната воена помош и санкциите против Москва.

Ако ние не сме на небото, а Русија е, тие нè спречуваат од небо. Ја запираат нашата контраофанзива, рече Зеленски во Киев. Тој критикуваше дека „процесите стануваат сè покомплицирани и побавни, без разлика дали се работи за санкции или за набавка на оружје од Запад“. – Војната се забавува, ние го признаваме тој факт, рече Зеленски.

Кога нашите партнери ни велат: „Која е следната фаза од контраофанзивата? Мојот одговор денес е дека нашите фази се веројатно побрзи од новиот пакет санкции“ против Русија, рече тој.

Украина редовно се жали на бавноста на мерките насочени кон забавување на руската војна.

Тој повторно посочи дека украинската армија ќе напредува побрзо доколку западните земји побрзо ја испорачаат муницијата со долг дострел што и овозможува на артилеријата да ја погоди руската одбрана, заднинскиот дел и логистиката.

OhridNews

Фото: Илустрација/Freepik