Земјоделски насади се вадат со вода за пиење, дел од населбите во градот со намален притисок
02.07.20 14:41
Ново лето стар проблем. Дел од населбите во градот се соочуваат со намален притисок на вода од системот за водоснабдување, а шпицот на сезоната уште не почнал. Според Јавното претпријатие „Водовод“ проблемот е во неодговорното однесување на граѓани кои водата од системот за водоснабдување ја користат за наводнување и други активности.
Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење, ЈП Водовод Охрид испраќа апел до сите корисници посебно во населбите од околината на Општина Охрид каде што има земјоделски површини, во најавениот период со зголемени температури да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за наводнување на паркови и земјоделски насади. – стои во соопштениот на ЈП „Водовод Охрид.
Останува отворено прашањето дали и колку се контролира (зло)употребата на водата за пиење, дали се санкционираат прекршителите и дали не е потребно сериозно модернизирање на водоводната мрежа со софистицирани решенија за контрола на потрошувачката на вода, со што конечно совесните граѓани кои редовно ги плаќаат сметките за вода и рационално ја користат ќе бидат рамноправни со тие кои не плаќаат и ја злоупотребуваат водата, а на кои неретко со несфатливи социјални мерки им се простуваат сите долгови. Ова е дотолку неопходно како и потребата од вистински реформи на јавните претпријатија кај нас, кои наместо алатка за партиски вработувања треба конечно да станат сервис на граѓаните.
Синоќа, половина час пред полноќ, во СВР Охрид било пријавено дека на ул„Марко Нестороски“ во Охрид, 29-годишен охриѓанец, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот Во...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска, на Денот на независноста, со Орден „8 Септември“ ги одликуваше Јордан Плевнеш и Раде Силјан, а постхумно ...
Со свеченост на Денот на независноста – 8 Септември, денеска беше пуштен во употреба модернизираниот дел од Аеродромот „Св Апостол Павле“ во Охрид Инвестицијата на ТАВ Македонија е вредна 2,7 милио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.