Во дописот од Викторија Инвест доо до медиумите никаде не стои дека фирмата од Р. Албанија поседува Дозвола за градба на асфалтна и бетонска база, реагира здружението на граѓани „Песочан“, организатор на неделниот протест против изградбата на градежна база кај Ново Село.
„Наведени се дел од документите потребни согласно законот за добивање Дозвола за градба. Нашата реакција како месен одбор и како здружение е оправдана бидеќи ние протестираме поради нелегална градба, градба за која што не постои Дозвола издадена од Мнистерството за Транспорт И врски. На терен се вршат интензивни градежни активности за поставување на Базите.“ – стои во реакцијата.
Од здружението уште тврдат дека само 35 лица од општина Дебрца се работно ангажирани од фирмата, додека останатите биле од соседните земји, изразувајќи сомнеж дали истите ги поседуваат потребните работни дозволи. Повторуваат дела протестите ќе бидат интензивирани доколку барањата за дислокацијата на базата не се исполнат.
Фирмата Викторија инвест во допис до медиумите испратен деновиве, ги отфрли обвинувањата изнесени на протестот на жителоте на Дебрца во неделата, посочувајќи дека компанијата ги поседува потребните документи за градежните активности кои ги изведува за изградба на автопатот Охрид-Кичево и ги има испочитувано сите законски постапки проследени со одлуки и решенија издадени од Државните институции потребни за градење на бетонската и асфалтна база, обвинувајќи дека протестите се тенденциозни и се инцирани од група на луѓе кои имаат лични интереси за овој проект.
OhridNews
Жителите на Дебрца ги повторија барањата-да се дислоцира асфалтната и бетонска база
Корисникот на асфалтната база смета дека протестите во Дебрца се тенденциозни












