Бројот на туристите во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 56,6 отсто. Кај домашните гости има зголемување за 56,6, а кај странските за 56,6 проценти. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 46,4 отсто, кај домашните туристи за 36,4 и кај странските за 79 проценти.

Според податоците од странските гости најбројни се од Србија, Полска и Романија. Во однос на местата најпосетени се езерските места од домашни гости.

Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2021 година изнесувал 136 291, од кој  66,4 отсто биле домашни, а 33,6 проценти странски. Бројот на ноќевањата, пак, достигнал 618 314 и од него, 83 отсто се од домашни, а 17 проценти од странски туристи.

OhridNews