Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2015 се издадени 359 одобренија за градење што е за 71,8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.576.256 илјади денари што е за 13,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на капитален проект за изградба на магистралниот гасовод, делница Клечовце – Неготино.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 231 (64,4%) се наменети за објекти од високоградба, 40 (11,1%) за објекти од нискоградба и 88 (24,5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 359 објекти, на 227 (63,2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 објекти (36,8%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 956 станови со вкупна корисна површина од 72.255 метри кавдратни.

OhridNews