Во првите шест месеци од 2012 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2011 година.
 
Како што информираат од Министертвото за транспорт и врски, во првите шест месеци од 2012, од двата патнички аеродроми во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 400.188 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 337.888 патници што претставува пораст од 18.4 %.
 
Во истиот период е забележано и зголемување на бројот на редовни линии за 8.0%, односно 3.766 редовни линии во првите шест месеци од 2012 во однос на 3.487 кои биле реализирани истиот период минатата година.
 
По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија,  континтинуирано се забележува раст на бројот на патници и летови, велат од Транспорт и врски.
OhridNews