Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2010 година изнесува 29 606, а бројот на ноќевањата изнесува 65 871.

Бројот на туристите во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, е зголемен за 5.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.5%.

Бројот на домашните туристи во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, е намален за 10.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, е намален за 6.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 14.0%.

Во периодот јануари- ноември 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 1.6% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 3.2%, а кај странските е забележано зголемување за 0.6%.

Во периодот јануари- ноември 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 4.5% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 4.3%, а кај странските е забележано намалување за 4.9%.

OhridNews