Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2012 година изнесува 63 216, а бројот на ноќевањата 163 278. Бројот на туристите во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, е зголемен за 14.3%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 14.1%.

Бројот на домашните туристи во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, е зголемен за 8.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 18.1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, е зголемен за 6.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 20.7%.

Во периодот јануари- јуни 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 7.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.2%, а кај странските зголемување за 10.9%. Во периодот јануари- јуни 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.9%, а кај странските зголемување за 10.0%.

OhridNews