3 156 новозаболени лица од грип се евидентирани во шестата недела од 2014 година во земјава, во периодот од 3-ти јануари до 8-ми февруари, што во споредба со преходната недела претставува зголемување за 34,3 отсто, информираат од Институтот за јавно здравје.

Во Охрид во последната недела  регистрирани се 110 лица заболени од грип, а најголемиот број од нив се на возраст од 15 до 45 години.

Инаку, вкупниот број заболени од грип од почетокот на сезоната 2013/2014 заклучно со шестата недела од 2014 година, изнесува 10 934

OhridNews

Бројот на заболени од грип во Охрид во благ пораст