Нивото на Охридското Езеро е повисоко од вчера за еден сантиметар. Според денешните мерења нивото на езерото е 693, 13 сантиметри, што е 13 сантиметри пониско од просекот за ноември и три сантиметри над дозволениот минимум (693,10 мнм).

Во изминатиов период, водостојот на Охридското Езеро бележи доста низок водостој. Од УХМР предупредија дека доколку продолжи трендот на намалување на водостојот постои опасност да биде надминат дозволениот минимум, со што е можно да биде нарушено нормалното фунционирање на целиот биодиверзитет во него и предупредија на внимателно следење на состојбата со Охридското Езеро.

 

OhridNews