За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро, а нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивоата на Охридското и Дојранското Езеро се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината и тоа за два сантиметри кај Охридското, односно за 2,7 метри кај Дојранското Езеро, додека пак водостојот на Преспанското Езеро е понизок од просекот за декември и тоа за 1,55 метри со што е три сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм).

Водостоите на реките, пак, најчесто се повисоки од просечните, но кај сите реки бележат пад во споредба со вчера, со исклучок на реката Сатеска на мерното место кај Ботун каде нивото е исто со вчерашното.

OhridNews