Охрид ќе биде безбеден за претстојните Новогодишни и Божиќни празници, најави Локалниот совет за превенција, кој неодамна одржа седница на која разговараше за мерките на сигурност што треба да ги преземат надлежните институции.

Според Локалниот совет за превенција, безбедносната состојба во Охрид моментално е на многу високо ниво.

Охрид е подготвен да ги прими и илјадниците автомобили на туристите кои се очекуваат да пристигнат најмногу во текот на денешниот ден. Полициската станица за бебедност на патниот сообрќај и СВР Охрид  превземат низа  организирани мерки за непречено одвивање на сообраќајот.

– За Новогодишните и Божиќните празници, во Охрид се очекува да престојуваат  од околу 30.000 туристи кои ќе пристигнат со околу 10.000 моторни возила. Полициските службеници од Охрид се плански организирани за безбедно да ги сместат овие возила на  подрачјетоа охридскиот регион, информираат од СВР Охрид.

OhridNews