
Динамиката на подигнување на комуналниот отпад е дефинирана по денови и реони, каде услугите се димензионирани според потребите на градот, френквентноста на населението и сообраќајот и досегашното искуство.
„Така во одредени денови се подигнува секојдневно , а во другите делови два пати или еднаш неделно, притоа се опфатени и приградските населби. Во туристичките населби подигањето се интензивира во летниот период.“ – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Оттаму велат дека од хотелите и туристичките приградски населби отпадот се подига секојдневно, а возилата се ангажирани и во вечерните часови.
„Во летниот период е активирана служба за секојдневно подигање на зелен и кабаст отпад кој се депонира покрај контејнерите и други локации.“ – велат од претпријатието.
Ohridnews











