Субвенциите за органско производство оваа година ќе бидат 50 проценти повисоки од оние за конвенционалното, а не како досега само 30 отсто, додека за градинарските култури зголемувањето ќе биде 100­ процентно, изјавил денеска во Скопје заменик­ министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

„Производството на органска храна е еден од приоритетите на Владата. Затоа силно го поддржуваме, креираме мерки за да ги охрабриме земјоделците да преминат на ваков тип продукција, да се искористат природните ресурси со кои располага државата“, нагласи Костадиновски.

Како што истакна Костадиновски, покрај директната поддршка, се прават и дополнителни ангажмани за квалитетната еколошка храна да го најде патот до домашните потрошувачи и да стане дел од нивната секојдневна исхрана.

„Почнати се подготвителни активности за отворање продавници за органска храна и реализирање национална кампања за поголема потрошувачка на органското производство“, рече заменик­министерот

Според него, специјализираните продавници ќе се отвораат во поголемите потрошувачки центри, а државата ќе финансира дел од трошоците за нивно опремување.

OhridNews