Законот за третман на бесправно изградени градби не ги опфаќа и дивоизградените згради или нивните доградби. Како што објаснува министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сите објекти кои не се опфатени со предложениот закон, ќе се третираат со останатите законски прописи во Република Македонија, а во однос на зградите, Законот за градење.

– Секако паметите дека пред повеќе од четири години бевме сведоци на голем број измами во делот на изградбата и продажбата на станови и знаеме за каква разработена мрежа стануваше збор, со оглед на тоа што голем дел од овие згради беа бесправно изградени. Факт е дека сепак, зградите се објекти кои ги градат инвеститори заради профит, а не физички лица кои имаат потреба од нив, како што е тоа со куќите. Затоа, зградите не се дел од овој закон, вели Јанакиески.

OhridNews