Евроамбасадорот Жбогар пред завршување на неговата мисија во земјава, во интервју за „360 Степени“ даде оценка за изминатите 4 години во кои беше амбасадор во Р.С. Македонија и најохрабрувачките и најразочарувачките работи на кои сведочел.

За среќа, има повеќе охрабрувачки отколку работи што разочараа. Најразочарувачкото се однесува на владеењето на правото, поточно на специјалната обвинителка Јанева и нејзината вмешаност во случајот „Рекет“. Мислам дека ова беше за нас, за мене лично, најголемо разочарување, своевиден шок и заедно со многу граѓани се почувствував предаден од личноста на која и дадовме доверба. Но, владеењето на правото не е само за… Разочараноста во делот на владеењето на правото не се однесува само на разочарувањето од специјалната обвинителка. Разочарувањето оди понатаму – како граѓаните овде го перцепираат владеењето на правото. Владеењето на правото не се само судовите, владеење на правото е да не пушите во ресторани ако тоа не е дозволено, владеење на право е да не паркирате на улица каде сакате… Тоа е разочарувачки за мене, кога ќе видам автомобили паркирани на велосипедски патеки, тоа е владеење на право и затоа би рекол дека тоа е најголемото разочарување. Разбирањето за тоа што е владеење на право, менталитетот… 

Самуел Жбогар за 360 Степени

Евроамбасадорот Жбогар пред завршување на мандатот во Македонија даде само две интервјуа, за емисијата 360 Степени и порталот OhridNews, за кој повеќе говореше за Охрид, но и за перспективата на младите. Тој изрази надеж дека во иднина луѓето се повеќе и повеќе ќе ја гледаат иднината тука и ќе бараат поголема одговорност од политичарите.

Сметам дека имајќи ваква држава, треба да сте самоуверени, треба да имате самодоверба за да ја направите државата онаква каква што сакате и секако треба да имате високи барања од вашите политичари и да барате одговорност од нив. – рече во разговоро за OhridNews Жбогар.

Едно од последниte интерјуа на евроамбасадорот Самуел Жбогар dadeno за порталот OhridNews

OhridNews